Провокација или извинување: Навивачите бесни на фудбалерот на Рома! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рома синоќа гостуваше кај Киево и убедливо славеше во рамки на Серија А во 0:3.

Одлична партија покажаа избраниците на Еусебио Де Франческо и на крајот славеа благодарение на погодоците на Ел Шарави, Џеко и Коларов.

Меѓутоа, незадоволните гостиски навивачи во текот на мечот ги исвиркуваа играчите на Рома и натаму се незадоволни со послдените партии, особено поради бламот против Фиорентина во Купот на Италија.

На мета на навивачите беше најмногу Коларов. Искусниот Србин завојува со најверните навивачи на Рома бидејќи бурно реагираше на нивните дофрлувања по ремито со Аталанта, па набрзо осамнаа и навредливи графити пред неговата куќа.

Коларов синоќа беше мета на исвиркувања, а откако постигна гол за конечни 0:3 одлучи да се поклони пред навивачи на Рома.