Продолжуваат суспензиите за Хабиб и Мекгрегор, но Дагестанецот може да слави!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор ќе бидат суспендирани до десетти декември, односно крајот на истрагата, која против нив ја води Државната комисија во Невада.

Нурмагомедов на седми октомври во Лас Вегас со давење го победи Мекгрегор и ја одбрани титулата во лесна категорија, но по борбата се случи голем инцидент поради кој Русинот и Ирецот мораа да бидат казнети.

Русинот по победата се изнервира бидејќи беше навредуван и ја скокна оградата, па се степа со тренерот на Мекгрегор, додека во рингот Ирецот удри еден од соработниците на актуелниот светски шампион.

Државната комисија на Невада реши на Нурмагомедов да му врати 500.000 долари.