Продолжува лошата серија на Вембли за Тотенхем, овојпат поразени од Челзи


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


 

Тимот на Тотенхем беше поразен попладнево на Вембли од Челзи со резултат 2:1 и со тоа ја продолжи лошата серија натпревари против англиски тимови на најголемиот стадион на островот.

 

Денов се покажа како одличен за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо, кој со два гола го “реши” тимот на Тотенхем, и тоа на Вембли пред домашната публика на Спарси. Најпрво го отвори резултатот со прекрасен гол од слободен удар при кој Љорис немаше шанси да ја фати топката.

Во второто полувреме се играше на половината на Челзи, но Тотенхем сепак не може да најдат пат до мрежата на Куртоа, кој денеска беше одличен. Но тоа што не можеа да го направат играчите на Тотенхем го направи Мичу Батшуаји, кој ја затресе својата мрежа.

И покрај целиот притисок кој го вршеше Тотенхем над голот на Челзи, сепак Челзи беа оние кои на крајот се радуваа. Маркос Алонсо со својот втор гол, овојпат од игра, донесе три бода за “сините” од Лондон по една грешка на Љорис кој по шутот на играчот на Челзи лошо ја процени топката и таа заврши во неговата мрежа.

 

Челзи се врати на победничките патеки откако во првото коло изгуби на домашен терен од Барнли со 2:3.