Продолжува сапуницата за Паје – Марсеј испрати јасна порака до Вест Хем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Димитри Паје се наоѓа на излезни врати од Вест Хем и многу јасно е дека ќе замине од тимот.

Паје одамна е во преговори со својот поранешен клуб, а Вест Хем веќе доби неколку понуди од Франција.

Од Марсеј сакаат да го донесат Французинот и велат дека нема да понудат повеќе од 25 милиони фунти.

Тоа што го сопира долго најавуваниот трансфер е тоа што Вест Хем не сака да се согласи на оваа понуда затоа што со продажбата на овој фудбалер тие сакаат да заработат многу повеќе пари.

Французинот веќе не тренира со екипата, одби и да игра, па побара и трансфер во Марсеј, а останува да видиме дали Вест Хем конечно ќе се согласи и ќе го пушти да замине од тимот.