Проклетството на Буфон: Џиџи го следи лоша среќа, а сè почна уште од неговиот предок Лоренцо!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон е многу почитувам меѓу тренерите, фудбалерите и експертите како еден од најдобрите, а според некои и најдобар.

Меѓутоа, иако имаше некои големи успеси, освојуваше многу медали на големи натпреварувања, единствениот трофеј кој му недостига е трофејот во Лигата на шампиони, кој никогаш го нема освоено.

Буфон дури 17 години бранеше во Јувентус, но не успеа со нив да го освои трофејот, па реши да го напушти италијанскиот клуб и да се пресели во ПСЖ, но и таму нема да стигне до посакуваната титула.

Многу светски медиуми се занимаваа со тоа зошто Буфон не може да го освои трофејот, па пронајдоа интересен податок. станува збор за проклетство на славното италијанско презиме – Буфон, а истите проблеми ги имал неговиот предок Лоренцо Буфон.

Буфон влегува во 41-та година, па останува отворено прашањето дали ќе може Италијанецот наредната година да брани врвно меѓу стативите.