Прослава по повод роденденот на теквондо клубот Хва Ранг ИТФ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска во Домот на културата во Лескоец, Охрид се одржа голема прослава по повод роденденот на теквондо клубот Хва Ранг ИТФ, како и отворањето на новата сала каде младите теквондисти ќе ги усовршуваат своите вештини.

Хва Ранг ИТФ континуирано постигнува големи резултати на меѓународните натпревари и во својата колекција има голем број на освоени медали и признанија.

„Горди сме што имаме ваков тим кој континуирано постигнува успеси. Се надевам дека со отворањето на новата сала, каде ќе имаме и подобри услови за работа ќе ја кренеме летвичката на повисоко ниво и во иднина ќе носиме уште поголеми успеси за клубот и државата. Од мое име, а и од името на клубот упатувам голема благодарност до нашиот генерален покровител ПН Метал кој е најзаслужен за нашите успеси.“– коментираше првиот човек на клубот Хва Ранг ИТФ, Марјанчо Лазаревски.

На свечената прослава која помина во одлично светло беа презентирани вештините кои младите теквондисти ги научиле во текот на тренажниот процес во клубот.