„ПСЖ беше многу потешка задача од Јувентус!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона наредната недела на домашен терен ќе го дочекаат Јувентус во реванш натпреварот во ЛШ.

Јувентус по првиот натпревар има водство од 3:0. Сепак, надежта на Барселона не умира затоа што тие го победија ПСЖ со 6:1 и стигнаа до пласман понатаму.

Напаѓалот на Барселона, Алкасер вчера беше стрелец во победата против Сосиедад. По натпреварот тој изјави дека натпреварот против ПСЖ бил многу потежок.

„На хартија ПСЖ беше многу потежок противник затоа што во првиот натпревар изгубивме со 4:0. Сигурно е дека ќе дадеме се од себе и ќе се обидеме да направиме пресврт.“