ПСЖ влегува во трка за дефанзивецот на Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на ПСЖ се подготвени да му парираат на Манчестер Јуанјтед во битката за потписот на Леонардо Бонучи од Милан.

Италијанецот кој се пресели во Милан минатото лето од лутиот ривал Јувентус би можел по само една сезона да го напушти „Сан Сиро“ поради финансиските проблеми на клубот.

Некои медиуми пренесуваат дека Мурињо притискал за реализација на трансферот, но се верува дека и ПСЖ би можел да ги добие услугите на Бонучи пред се поради блискоста на дефанзивецот со Џиџи Буфон кој од следната година ќе брани во Париз.