ПСЖ ги користи проблемите во Лондон за да му „украде“ ѕвезда на Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ дефинитивно се помири со заминувањето на Адриен Рабио, кој во моментов не настапува затоа што не сакаше да потпише нов договор, па наредното лето ќе го напушти „Паркот на принцовите“.

Француските медиуми пишуваат дека ПСЖ пронашол замена за него во Челси, а станува збор за Нголо Канте.

Фудбалерот на Челси игра фантастично под водство на тренерот Маурицио Сари, но не е во најдобри односи со него.

Причината е тоа што Французинот има напаѓачка улога, која не му одговара, но во секој случај ПСЖ ќе мора да се измачи за да стигне до него.