ПСЖ го сака Пепе Реина, но Наполи бара превисока сума


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Тимот на Наполи би го пуштил голманот Реина во ПСЖ, но не за сума помала од 15 милиони евра.

Тивки беа гласините дека ПСЖ им понудил на „Наполитанците“ 6 милиони за шпанскиот голман, плус 1 милион во бонуси, но тие ја одбиле понудата.

Како што пренесува СпортИталија, Наполи нема да се откаже од услугите на 35 годишниот голман, ако не добие 15 милиони во кеш.

Тие се свесни дека таа е голема сума за голман како Реина, но сакаат да го задржат во клубот барем додека не најдат соодветна замена.

Има неколку имиња на листата голмани кои би можеле да му се приклучат на Наполи. Првото име кое се поврзува со преселба во Неапол е голманот на Реал Сосиедад, Рули, кој би ги чинел 25 милиони евра.