ПСЖ жестоко ослабен на „Ноу Камп“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Светците“ ќе бранат во Каталонија големи 4:0 беа тројца многу важни играчи.

Од Париз стигна вест дека шампионот на Франција во реваншот од 1/8 финалето на ЛШ против Барселона во гости ќе игра без Анхел Ди Марија, Марко Верати и Тиаго Мота.

Сите тројца се повредени, па Унаи Емери се соочува со големи проблеми кога средниот ред е во прашање.

Блез Матуиди и Адријен Рабио сигурно ќе играат, ќе видиме дали шанса ќе добие дефанзивно ориентираниот Гжегорж Криховјак или креативецот Хавиер Пасторе.

Веројатно Полјакот ќе добие предност во однос на Аргентинецот, а не е исклучено и двајцата да почнат.

По страните треба да делуваат Хулијан Дракслер и Лукас Моура, најистурен ќе биде Единсон Кавани.

Но, ќе видиме што ќе одлучи Емери, можно е и Хатем Бен Арфа да добие шанса од страртот бидејќи умее да застане на топка и може да направи разлика.

Мечот на „Ноу Камп“ се игра во среда во 20:45 часот, Пари Сен Жермен ќе брани 4:0 од „Паркот на Принцевите“.