ПСЖ му ги „мати“ сметките на Баерн Минхен: Францускиот клуб заинтересиран за талентот на Челси


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Сан“ пренесува дека ПСЖ се приклучил во трката за екстра талентираниот фудбалер на Челси, Калум Худсон Одои.

Французите ќе се обидат да го донесат фудбалерот во летниот преоден рок и ќе претставуваат вистинска конкуренција на Баерн Минхен кој не успеа да го донесе во јануарскиот преоден рок иако испрати четири официјални понуди.

Весникот пренесува дека играчот се уште сака да го напушти Челси и дека веројатно во летниот преоден рок тоа и ќе се случи. Цената за неговиот трансфер ќе изнесува околу 35 милиони фунти.