ПСЖ одбива операција за Нејмар, ќе биде во тимот против Реал Мадрид


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на францускиот прволигаш ПСЖ, Унаи Емери денеска изјави дека  одлука за операција на Нејмар, се уште не е донесена.

„ Тоа не е точно. Одлуката за операција не е прифатена. Одлука ќе донесеме во наредните неколку дена, меѓутоа во овие моменти ни е потребен мир.“ – изјави Емери.

Шпанскиот експерт верува дека најдобриот играч би можел да заигра на 6. март на реваншот против Реал Мадрид.

„ Тој сака секогаш да игра, јас сум трпелив и постои шанса да заигра на реваншот против Реал Мадрид. Ќе чекаме.“ – дополни тренерот на ПСЖ.

На 6. март тимот на ПСЖ ќе се обиде да направи чудо против Реал Мадрид и да го исфрли од Лигата на Шампиони, откако загуби со 3:1 на првиот меч во Мадрид.