ПСЖ плаќа неверојатни 50 милиони фунти за играч на Вест Хем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на ПСЖ планираат да испратат понуда од 50 милиони фунти за играчот од одбраната на Вест Хем, Иса Диоп.

Диоп има одличен старт на сезоната за „Чеканите“ по неговиот трансфер од Тулуз во текот на летниот преоден рок.

Репрезентативецот на Франција до 21 година има договор со Вест Хем до летото 2023 година, а од таборот на ПСЖ се подготвени да платат речиси двојно поголема сума од таа што ја плати клубот од Лондон за неговиот потпис.