ПСЖ посега по миленикот на управата на „Црвените Ѓаволи“: Лојалност или финансиски подем…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познато е дека Манчестер Јунајтед би требало да го продолжи договорот со Андер Ерера.

Сепак, сега се појавија информации дека за Шпанецот е заинтересиран и ПСЖ.

Актуелниот шампион на Франција има помалку опции во срцето во редот за врска, во јануари на Верати му се придружи Паредес, но јасно е дека сакаат уште неколку квалитетни опции во редот за врска.

Така, како што се наведува, на 29-годишниот Ерера актуелниот договор со „Ѓаволите“ му истекува на крајот од сезоната, па му понудија тригодишна соработка.

Ерера во Манчестер стигна во 2014. година од Атлетик Билбао, сериозна улога во тимот пронајде откако пристигна Мурињо, но и тој, како и остатокот од тимот игра слабо по првиот дел на тековната сезона.

Со пристигнувањето на Солскјер процвета, па Јунајтед би сакал да го задржи. но ПСЖ влета во приказната со понуда за Шпанецот од 150 илјаси фунти на неделно ниво.

Јунајтед најверојатно нема да ја изедначи понудата, но останува да се види дали Ерера ќе замине за пари, или ќе остане верен на „Ѓаволите“.