ПСЖ состави листа од тројца фудбалери од средниот ред по кои ќе атакува во јануарскиот преоден рок


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Актуелниот шампион на Франција, ПСЖ состави листа од тројца фудбалери од средниот ред по кои ќе тргне во јануарскиот преоден рок.

Откако не успеаја да донесат квалитетно засилување од срцето на теренот во летниот преоден рок, парижаните ќе се обидат тоа да го сторат во јануарскиот преоден рок.

Играчот на Челси, Нголо Канте ја предводи листата, а на неа се наоѓаат и Пол Погба и Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Тухел има и резервна опција доколку не успее да договори некој од овие тројца фудбалери, па на „Паркот на принцовите“ би пристигнал играчот на Ајакс, Френки де Јонг.