ПСЖ ја чека одлуката на УЕФА: Нејмар би можел да се пресели во Реал Мадрид!?


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Очигледно приказната за потенцијалниот трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид на Нејмар уште не е завршена, а доказ за тоа се најновите информации на „Марка“.

Познатиот медиум пишува дека „кралевите“ до крајот на преодниот рок се подготвени да понудат 300 милионии евра за да го ангажираат Нејмар, но постои еден мал проблем.

Тоа е повеќе проблем за ПСЖ, а Реал на крајот би можел да биде добитник во целата ситуација. Станува збор за финансиските истражувања на УЕФА кои би можеле да го натераат клубот од Париз да го продаде Нејмар за да заработи 300 милиони евра за да избегнат казна.

„Марка“ пишува дека УЕФА ќе ја донесе набрзо одлуката за случајот на ПСЖ, па двете екипи ќе имаат време да го реализираат потенцијалниот трансфер.