Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Џејкоб Пулен кариерата ќе ја продолжи во Русија.
Американецот со грузиско потекло потпиша 1-месечен договор со екипата на Кимки, со можност да ја продолжи соработката до крајот на сезоната.
Со оглед на тоа што ова лето рускиот тим го напуштија Рајс, Копонон и Драгиќ, се претпоставува дека Пулен ќе има многу простор во играта, како и дека ќе заигра во ВТБ лигата и Еврокупот.
26-годишниот плејмејкер претходно играше во Цедевита, а играше и за Бриндиси, Севиља, Барселона, Виртус Болоња, Апоел Ерусалим и Анџелико Биела.