Пујол се враќа во светот на фудбалот – ќе стане тренер! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот шпански капитен и дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол сака да се врати во светот на фудбалот и да стане тренер.

Да потсетиме, Пујол во 2014 година се пензионираше, а сега би можел да се врати, откако за него интерес покажа Атланта јунајтед, со која веќе биле почнати преговорите.

Наводно, двете страни биле блиску до договор и наскоро се очекува официјална потврда за соработката.