Пјонтек отсечно му кажал „НЕ“ на Реал Мадрид, за да заигра во клубот за кој навива од мали нозе…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полскиот напаѓач, Криштоф Пјонтек оваа сезона стана вистина сензација со своите партии во италијанската Серија А.

Пјонтек првиот дел од сезоната го играше во Џенова каде со своите погодоци го привлече вниманието на многуте европски екипи, а по само половина година во овој клуб одлучи да потпише за Милан. Иако одигра дури три меча за Росонерите, постигна веќе четири погодоци и покажа дека се работи зза големо засилување.

Во италијанските медиуми се појави денес информацијата дека Пјонтек сакал да дојде само во Милан бидејќи тоа е клубот за кој навивал од мали нозе. Неговиот некогашен тренер, Михал Пробиерц, истакна дека имал понуда од Реал Мадрид, но дека на крајот тој го одбрал клубот од „Сан Сиро“.

„Моментално се чини дека изборот на Милан за него беше најдобар потег кој можеше да го направи. Многу брзо се вклопи во екипата на Милан и покажа дека ќе биде вистинско засилување. Знам проверено дека го сакаше и Реал Мадрид, но тој го избра млан. Верувам дека мисли дека се уште не е подготвен за чекор како Реал Мадрид, но еден ден би можел да заигра за нив“, истакна тој.