Пјулис изгуби на суд: Кристал Палас ќе добие 3.7 милиони фунти


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тренерот на ВБА, Тони Пјулис го изгуби судскиот процес со својот поранешен клуб, Кристал Палас на кој е должен да исплати 3.7 милиони фунти.

    58-годишниот тренер го напушти тимот пред почетокот на 2014/15 година во ПЛ, но по тврдењата на клубот тој земал бонус во висина од 2 милиони фунти.

    Процесот прво се водеше пред Арбитражниот суд, кој пресуди во корист на Кристал Палас, а таа одлука беше потврдена и од судот во Лондон.

    Пјулис по договорот требаше да остане во клубот барем до 31 авугст 2014, но го напушти тимот 20 денови порано.