Работнички доби искусно засилување во одбраната


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Работнички денес го официјализираа трансферот на искусниот играч од одбраната, Владими Димитровски.

Димитровски со „романтичарите“ потпиша шестмесечен договор, а во Градски парк доаѓа од редовите на Докса Драма.

Претходно Димитровски подолг период го носеше дресот на Керкира, а во кариерата има настапи и за екипи од Белгија, Хрватска, Чешка и Азербејџан.

Централниот дефанзивец и претходно има настапувано во Работнички, а освен нив настапувал и за тимовите на Вардар, Металург и Цементарница.