Работнички и со нов тренер не може да победи, Шкендија поуспешна во градското дерби


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Работнички го одигра првиот натпревар под палката на Горан Станковски, но и со него се уште се мачи за да го најде патот кон победата.

Имено, „Романтичарите“ одиграа реми без голови против тимот на Силекс на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Вториот нов тренер, Славољуб Бубоња забележа победа од 4:2 против екипата на Скопје. Резултатот го отвори Благоја Гешовски во 29. минута од натпреварот. На 1:1 изедначи Џугрдиќ во 41. минута, но во втората минута од судиското продолжение Илиевски ја врати предноста на Победа.

На самиот старт на второто полувреме Дејан Цветановски зголеми на 3:1, а со автоголот на Ристевски Скопје се доближи до прилепчани. Точка на натпреварот стави Борче Маневски кој погоди во 91 минута.

Шкендија забележа победа во градското дерби под Шара против екипата на Ренова. Стрелци на головите за актуелниот лидер беа Бесарт Ибраими и Ферхан Хасани.

Резултати ПМФЛ 8 коло

Шкендија-Ренова 2:0

Работнички- Силекс 0:0

Шкупи- Пелистер 1:1

Победа- Скопје 4:2