Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Од редовите на ФК Работнички не престануваат со засилувањата во пресрет на квалификациите за Лигата на Европа.
Денес „Романтичарите“ и официјално го потврдија четвртото засилување во името на Флоријан Кадриу.
Кадриу кој доаѓа од редовите на Шкупи и игра во нападот со Работнички потпиша на една година и веднаш ќе се приклучи на тимот и ќе биде дел од експедицијата која ќе патува во Словенија на подготовки.
Покрај Кадриу нови играчи на Работнички се и Стојанче Велинов, Томислав Илиев и Енис Дервиши.
Се шпекулира дека наскоро во тимот од Градски парк ќе пристигне и најдобриот стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига, Баже Илијоски.