Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ренова ги продолжи маките на „Романтичарите“ откако денес успеа на домашен терен да слави убедлива победа од 3:1.
Тетовскиот тим уште во 6. минута дојде до водство од 1:0 преку Арџент Гафури. На 2:0 зголеми Валмир Нафиу од белата точка. Надеж за Работнички донесе Кире Маркоски кој го намали резултатот на 2:1, но сепак тоа беше се од „романтичарите“.
Пред крајот на натпреварот Работнички ја презеде иницијативата, имаше неколку одлични шанси, но на крајот не успеа барем со бод да се врати во Скопје. Најголем виновник за тоа беше Погосјан кој на три минути до крајот на натпреварот го промаши невозможното. Наместо гол за скопјани следуваше гол за Ренова. Нафиу со својот втор погодок стави точка на натпреварот.
Академија Пандев со 2:0 славеше против Шкупи и со тоа ја забележа петтата победа во новата сезона во ПМФЛ. Во овој момент тимот од Струмица се наоѓа на третото место на табелата веднаш зад Шкендија и Вардар. Стрелец на двата гола за Академија Пандев беше Зоран Бладовалиев.
Пелистер со 2:1 славеше во „Пелагониското“ дерби против Победа. Творец на победата на битолчани беше Лукас Гоијано.