Радосна вест за навивачите на Ливерпул: Легендaтa се враќа во својот дом?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Поранешниот капитен на Ливерпул и репрезентацијата на Англија, Стивен Џерард ќе остане без договор со Лос Анџелес Галакси на крајот на годината, што отвора многу шпекулации за негово враќање на Островот.

    Џерард на својот Инстаграм профил постави порака за простување, а тоа автоматски ги натера медиумите да почнат со шпекулации каде ќе ја продолжи кариерата овој 36-годишен фудбалер.

    „Сеуште уживам во фудбалот. Сакам да доаѓам на тренинзи и да се натпреварувам. Имам некои можности за наредните 6 или 12 месеци, кои сериозно ќе ги разгледам.“

    Тие можности се поврзуваат со Англија, според медиумите. Од тоа дека Бенитез би сакал да го види во редовите на Њукасл, за да им помогне да се вратат во ПЛ, па се до тоа дека тој би се преселил кај уште еден поранешен тренер, Брендан Роџерс, во Селтик.

    Но некако најмногу сонуваат навивачите на Ливерпул, дека Џерард би можел да се врати и последните 6 месеци од кариерата да ги помине на „Енфилд“ и да биде со екипата кога ќе се освојува многу посакуваната титула, прва од 1991 година бидејќи Ливерпул моментално е лидер во ПЛ. Па потоа би се посветил на тренерската работа во клубот во кој помина многу време.