До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Интер ги разочара своите навивачи со ремито од 1:1 против Болоња. Тренерот на миланската екипа Франк Де Бур беше разочаран што неговата екипа не успеа да ги земе сите три бода.
„Многу ја сакавме победата и разочаран сум што не ги зедовме сите три бода. Бевме добри во првите 20 минути, но во последните 20 паднавме. Физички некои играчи беа уморни. Меѓутоа, задоволен сум како мојата екипа работи“, рече Холанѓанецот, кој против Болоња го изваде Жофри Кондогбија веќе во 28 минута.
„Едноставно не сака да слуша. Утрово разговаравме и повторно повторува некои работи. Не е прв пат да имам разговор со него. Мора да играат поедноставно и да знаат кога да ја држат топката, а кога одма ќе ја проследат понатака. Нажалост, секогаш повторува иста грешка“, рече Де Бур па се наврати и на Габигол, кој дебитираше со влез од клупа:
„Голем притисок е на него и сугурно не е лесно да се влезе во таков натпревар. Со оглед на се тоа, одигра многу добро. Тоа е само прв пат да е на теренот и може да биде среќен“.
Марело Брозовиќ сеуште е на некој вид на „војна“ со новиот тренер на Интер.
„Играчите мораат да знаат дека јас сум тренер на Интер и јас донесувам одлуки. Како со Брозовиќ така и со Кондогбија. Јасно е, тие се и понатака два многу добри играчи, но мора да знаат дека во фудбалот понекогаш морате да се менувате“.















