Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Барселона, Луис Енрике изјави дека е среќен што Иван Ракитиќ ќе остане во Барселона.
По историската победа против ПСЖ во Барселона одлучија да му понудат нов договор на Ракитиќ.
Во текот на јануари постоеше можност Ракитиќ да замине од тимот, поради наводната караница со тренерот, но на крајот излезе дека се е во ред.
„Тоа што го продолжи договорот Иван е добра вест. Тој е многу важен играч и среќен сум што останува со нас. Имаше понуди од други клубови, но тој сака да напредува во Барселона. Задоволни сме со неговите игри и се што постигна досега.“
Ракитиќ во договорот има клаузула од 125 милиони евра.