Ракитиќ на слатки маки: Барселона не му дава поголема плата, а ПСЖ му нуди милиони


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште малку време останува за реализирање на трансфери, а ПСЖ е заинтересиран за хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ.

Ракитиќ е еден од најпосакуваните играчи во светот, а за неговите услуги интерес покажа и Баерн Минхен, но францускиот гигант е во подобра позиција.

„Спорт“ пишува дека Барселона нема да му ја зголеми платата на Хрватот, па поради тоа ПСЖ ја гледа својата шанса и сака да ја искористи.

Каталонските медиуми пишуваа дека ПСЖ понудил 100 милиони евра за неговиот потпис, но таа била одбиена.

Драмата продолжува понатаму, па останува малку повеќе од една недела за реализирање на трансферите.

Инаку, Ракитиќ во 2017. година потпиша нов договор до 2021. година со откупна клаузула помеѓу 100 и 125 милиони евра.