Ракитиќ откри: Многу пати заминував и се враќав во Барселона, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иван Ракитиќ постигна важен гол против Севилја во реваншот од четвртфиналето на шпанскиот Куп, но одби да го прослави.

Хрватот погоди за 2-0 во 32. минута по одличната асистенција на Артур.

„Ме боли кога постигнувам голови против Севилја. Го почитувам поранешниот клуб, но сакам да им помогнам на соиграчите. Пред некој ден го контактирав претседателот. Откако пристигнав во Барселона, не знам колку време заминував и се враќав. Среќен сум тука и се чувствувам добро, а се надевам дека и сите останати се задоволни со мене“, вели Ракитиќ.