Рамзи во петок и официјално ќе го потпише договорот со Јувентус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Тутоспорт“ пренесува дека Арон Рамзи во петок и официјално ќе стави потпис на четиригодишен договор со тимот на Јувентус.

Играчот од средниот ред на Арсенал ќе заработува околу 111.000 фунти неделна плата и ќе биде еден од најплатените играчи во Серија А.

Од Јувентус планирале да го донесат Рамзи уште во јануарскиот преоден рок, но сумата од 18 милиони фунти која ја барал Арсенал била превисока за челниците на клубот од Торино.

Сепак, доколку има напредни преговори со Барселона околу трансферот на Денис Суарез, би можело „Топчиите“ да ја намалат цената и за Рамзи.