„Рамос е неверојатен фудбалер, но…“


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Претседателот на Севиља, Хосе Кастро го нападна стоперот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Рамос претходно изјави дека Кастро треба да ги казни навивачите на Севиља, кои го навредувале поранешниот играч на Севиља.

„Тоа што ме прашувате за Рамос е неверојатно, а не за Севиља, која е само бод зад Реал Мадрид, а пред Барселона.“

„Рамос е неверојатен фудбалер кој дојде од голем клуб, а сега игра за Реал Мадрид. И мислам дека тој треба да се посвети повеќе на играње за својот клуб, а не да советува претседатели.“

Рамос за Севиља одигра 39 натпревари, а потоа во 2005 година премина Реал Мадрид.