Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ситуацијата во Реал Мадрид изгледа навистина катастрофално, а јасно е дека ќе заминат неколку од главните ѕвезди наредното лето.
Пристигнувањето на Сантијаго Солари на тренерската позиција во Мадрид не ги подобри работите, па екипата испадна од Ајакс во Лигата на шампиони, а еден од главните виновници е Серхио Рамос.
По серијата лоши одлуки во последниот период следуваше вистински распад на системот, а состојбата до крајот на сезоната очигледно нема да се подобри.
По мечот против Ајакс следувала голема караница меѓу Рамос и претсеателот на клубот, Флорентино Перез, кој се скарал со дефанзивецот.
Рамос му кажал дека сака да си замине од Мадрид, а шпанските медиуми пишуват дека неговиот нареден клуб ќе биде Јувентус, што значи дека ќе тргне по стапките на поранешниот соиграч Кристијано Роналдо.
Наводно, понудата за Рамос е подготвена, а причина повеќе зошто Шпанецот сака да замине од Реал е можното враќање на Жозе Мурињо на тренерската клупа во Мадрид.
Мурињо и Рамос немаа најдобро простување, зашто поранешниот тренер на Реал често го критикуваше Рамос, а капитенот на „кралевите“ застана на страна на поранешниот голман Икер Касилјас, кој беше избркан од тимот.