Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер јунајтед го отпушти Жозе Мурињо и сега наводно Реал Мадрид бил фаворит за неговиот потпис, иако вчера беше соопштено дека такво нешто нема да се случи.
На шпекулациите на медиумите реакција имаше и капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос.
„Не треба јас да кажувам кој ќе биде тренер. Капитените немаат таква работа. Ние сме без Мурињо пет години и вие уште зборувате за него, а досега сите трофеи ги освоивме. Сега е тука Сантијаго Солари и мора да го почитуваме“, кажа Рамос.
Каталонски „Спорт“ објави дека Рамос би можел да замине од Мадрид доколку таму пристигне Мурињо.