Рамос соборува рекорди: Уште само три „Ел Класика“ ….


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос синоќа го одигра својот 41. „Ел Класико“ во кариерата.

Рамос баш и немаше среќа во тој меч бидејќи ужесно го процени движењето на топката во пресрет на погодокот на Барселона па сметаше дека топката не оди во рамките на голот, а потоа на крајот заврши меѓу статибите.

Како и да е, неговиот Реал не доживеа пораз бидејќи беше 1:1, па Рамос на крајот може да биде и задоволен.

Интересно, нему сега му недостасуваат уште три настапи за да стане играч со најмногу одиграни Ел Класика во историјата. Тој рекорд моментално го држи некогашниот дефанзивец на Реал, Мануел Снчис кој одигра 43. Ел Класика. Освен него, пред Рамос се уште Франциско Генто и Чави кои одиграа по 42 натпревари.

Треба да се напомене и тоа дека капитенот на Реал веќе за еден месец би требало да го стигне Снчис бидејќи во тој период се уште две Ел Класика на програмата, во кои Рамос, ако нема повреда или суспензија сигурно ќе настапи.

Инаку, тој во еден од најголемите светски дербија дебитираше во 2005. година кога Барселона на „Бернабеу“ славеше со 3:0, а мадридската публика му аплаудираше на големиот Роналдињо.

Од активните играчи зад Рамос е и Меси кој има 40 настапи во Ел Класико и е најефикасен играч за 26 постигнати погодоци.