ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Фудбалерите на Лестер синоќа постигнаа историски резултат.
Актуелниот шампион на Англија со победата над Бриж (2:1) обезбеди место во пласманот во осмина финалето во ЛШ, а свесен за големиот успех е и менаџерот Клаудио Раниери.
„Ова е неверојатно, први сме во групата. Среќен сум и горд на играчите, среќен сум и поради претседателот, навивачите и сите. Патувањето продолжува“, изјави Раниери.
Од другата страна, на Лестер не му оди баш добро во лигата.
„Убаво е што сме први во групата, но нашите мисли сега треба да бидат посветени во Премиер лигата. Морам да ги убедам играчите така да размислуваат. Мораме да играме на истото ниво како и во Лигата на Шампионите“, изјави Раниери.
Лисиците во Премиер лигата во моментов го заземаат 14. место со 12 бода.