Раниери сепак бил „втора виолина“: Легендарниот француски стратег отсечно го одбил Фулам..


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управата очигледно оддамна одлучи на Јокановиќ да му се заблагодари за соработката.

Славиша Јокановиќ од денес и официјално е без ангажман, по серијата лошите резултати управата на Фулам одлучи да го менува,па на негово место е поставен искусниот Клаудио Раниери.

Италијанецот, кој со Лестер ја освои Премиер лигата во 2016. година, со задоволство ја прифати новата функција, а англиски „Мирор“ истакна дека тој сепак не бил првата желба на најстариот лондонски клуб.

Имено, позицијата на Јокановиќ пред се му била понудена на легендарниот француски стратег, Арсен Венгер.

Некогашниот тренер на Арсенал е без ангажман од минатото лето, изјави дека одвај чека да се врати во фудбалот, но во повеќе наврати исто така потврди дека не би можел да работи ниту во еден клуб во Англија, поради преголемата љубов кон „Топчиите“.

Така ја одби приликата да соработува со Фулам, тој се надева сепак на понуда од некој поголем европски клуб, а во последно време често е доведуван во врска со Милан.