Раониќ и Моја ја прекинаа соработката


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Карлос Моја не е повеќе тренер на Милош Раониќ.

Под водство на Шпанецот, Раониќ успеа да постигне одлични резултати во 2016-та година, но по се изгледа дека тоа не било доволно за да ја продолжат соработката.

Раониќ прв пат стигна во финалето на еден Грен Слем(Вимблдон), а сезоната ја заврши на 3-то место.

„Му се заблагодарувам на Карлос за се што направи за мене. Под негово водство играв најдобар тенис во кариерата. Сепак, нема да ја продолжиме соработката, но ќе останеме блиски пријатели.“

Раониќ  минатата сезона имаше 52 победи и 18 порази, а успеа да го освои трофејот во Брисбејн, како и да стигне до ½-финале во Лондон.