Раониќ нема да игра во Индијан Велс!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милош Раониќ се повлече од првиот Мастерс оваа сезона, кој ќе биде одржан во Индијан Велс, поради повреда.

Раониќ се повреди на турнирот во Делреј Бич, на кој без борба го предаде финалето на Сок.

Поради повреда не учествуваше ниту на турнирот во Акапулко.

Во последните неколку години, Раониќ имаше одлични резултати во Калифорнија, а минатата година во финалето беше поразен од Ѓоковиќ, а претходно во 2014-та година стигна до ¼-финале.

Мастерсот во Индијан Велс започнува во четврток.