Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реал Мадрид вечерва беше декласиран од ЦСКА Москва со 0-3 во рамки на последното шесто коло од Лигата на шампиони, а младиот Винисиус Жуниор испиша историја.
Винисиус досега одигра само еден меч во Лигата на шампиони, но влезе од клупата за резервни фудбалери, па мечот со ЦСКА му беше прв, кој го почнал во првиот тим.
Така Бразилецот стана трет најмлад фудбалер, кој од првата минута заигра за „кралскиот клуб“ во Лигата на шампиони.
Винисиус има 18 години и 152 дена, а Касилјас и Раул настапиле како помлади од него, односно Раул имал 18 години и 77 дена, а Икер 18 години и 117 дена.