Раул ја избра екипата со која ќе ја нападне Јапонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија денеска ги почнува своите предизвици на Светското првенство во Германија и Данска, а македонскиот селектор Раул Гонзалес избра 16 ракометари за првиот меч против Јапонија.

Гонзалес реши да не смета на Милан Лазаревски, пикерот на Металург и Златко Даскаловски, голманот на Стразбург, па тие ќе го следат мечот од трибините.

Состав: Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Талески, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серфаимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски, Стојанче Стоилов, Марио Танкоски и Велко Маркоски.

Македонија денеска првиот натпревар го игра со старт од 15.30 часот