Рафа го освои УС Опен и стигна до 16 Грен Слем титули


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е победник на последниот Грен Слем турнир за сезоната, „УС Опен“.

Надал во финалето по два часа и 27 минути игра без многу мака го совлада јужноафриканскиот тенисер, Кевин Андерсон со 3:0 по сетови (6:3, 6:3, 6:4) и ја освои својата трета титула на УС Опен. Во Њујорк Надал славеше и во 2010 и 2013 година, а во 2011 година беше во финалето но не успеа да стигне до трофејот.

Самиот влез во финалето значеше голем успех за Кевин Андерсон кој до сега можеше да се пофали само со едно четврт-финале и тоа токму на УС Опен пред две сезони.

Ова беше петти меѓусебен натпревар помеѓу овие двајца тенисери и петта победа на Надал.