„Рашфорд е најдобар напаѓач во Англија“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Маркус Рашфорд заслужи место во репрезентацијата на Англија, а не само во младата селекција, смета некогашниот стопер на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд.

    Рашфорд не беше на списокот на тимот на Гордиот Албион на последните три натпревари, а беше повикан во репрезентацијата до 21 години.

    „Мислам дека Рашфорд заслужува повик за наредниот натпревар против Малта. Сметајќи го хет-трикот против младата селекција на Норвешка, ниту едне англиски фудбалер не постигна повеќе голови од него, почнувајќи од неговото деби во февруари.

    Не ме интересира колку години има, учинокот на теренот е релеванен. Тој е најдобар напаѓач во земјата од февруари, статистиката не лаже“, рече Фердинанд.

    Од дебито за Манчестер Јунајтед притив Митјиленд, Рашфорд вкупно постигна 12 голови за клубот.