Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Челси, Маурицио Сари, сака од управата на лондонскиот гигант да се обидат да го ангажираат играчот на Наполи, Лоренцо Инсиње, чиј агент сега е контроверзниот Мино Рајола.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, не го сака Рајола бидејќи тој имаше изјави дека Лоренцо би бил одлична замена за Нејмар во Барселона.
Меѓутоа, италијанските медиуми пишуваат дека агентот ќе се бори во наредниот договор на Инсиње да има минимална откупна клаузула од 200 милиони евра.
Тоа значи дека доколку Сари сака повторно да соработува со Италијанецот нема сомнеж дека „сините“ ќе мора да потрошат премногу пари за неговиот потпис.
Инсиње продолжи со одличните настапи и сезонава, а засега одигра седум натпревари и постигна пет голови.