Рајола трие раце: Одбраната на сезоната му обезбеди трансфер на Донарума во Јувентус!?

Не чекаа многу италијанските медиуми, па веднаш почнаа да пишуваат дека Мино Рајола преговара со италијански Јувентус за трансфер на младиот Џанлуиџи Буфон.

Рајола се обидува и понатаму да го однесе Донарума во Јувентус и тоа во пакет со уште еден свој играч, а тоа е Бонавентура.

Непишано правило е најдобриот голман во Италија да брани за Јувентус, па Рајола освен ПСЖ и италијанскиот гигант нема многу место каде да ги продаде своите фудбалери.

Ќе видиме дали има вистина во овие шпекулации на италијанските медиуми. Едно е сигурно, а тоа е дека не очекува бурно лето.