Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рајо Валјекано се наоѓа во сериозни проблеми сезонава, па ги очекува жестока битка за опстанок во шпанската Ла Лига бидејќи во моментов се во опасната зона.
Рајо пред неколку дена го отпушти тренерот Милеч, зашто екипата запиша седум порази на последните седум натпревари, па денеска беше поставен нов стратег, Пако Хименез.
Во моментов екипата во која настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се наоѓа на шест бода од сигурната зона, па тоа значи дека ќе треба ептен да имаат среќа и мотив во последните натпревари од сезоната за да се спасат.
Хименез во минатото работеше во Рајо, поточно од 2012 до 2016 година, а потоа ги предводеше Гранада, Круз Азул и Лас Палмас.