Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) заедно со Агенцијата за млади и спорт (АМС) ја известија јавноста во Македонија дека во соработка со ЕХФ ја реализирале третата и последна фаза од СМАРТ програмата која вклучува доделување на опрема и реквизити за ракомет на вкупно 24 училишта во нашата земја.
Соопштението од РФМ ви го пренесуваме во целост:
„Ракометната Федерација на Македонија ја заокружи третата и последна фаза од СМАРТ програмата, преку која во соработка со Европската ракометна федерација (ЕХФ) и со Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија (АМС), додели комплетна опрема и реквизити за ракомет на вкупно 24 училишта ширум државата, меѓу кои 12 основни и 12 средни училишта.
Во оваа трета фаза, РФМ додели ракометна опрема во вредност од 10.000 евра, која вклучува ракометни топки, мрежи, експандери за раце, маркери, конуси за тренинг и други реквизити.
Ракометната опрема е доделена на Сојузот на училишни спортови на Р.Македонија и ќе биде распределена низ основните и средните училишта кои настапуваа во финалната фаза од натпреварите на државното првенство минатата учебна година.
Со оваа трета фаза, се комплетира тригодишната развојна програма СМАРТ во која вкупно беа одделени преку 50.000 евра за развој на училишниот спорт во државата, а опремени беа 41 образовна установа во 12 различни градови низ Македонија.
Ракометната Федерација на Македонија, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и останатите релевантни спортски субјекти и во иднина ќе продолжи со поддршка на развојот на ракометната и спортска едукација на децата од сите возрасти.“