Реалност или нешто друго? Пако наместо Мбапе?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Монако не би одел над износот од 30 милиони евра, колку што плати Барселона за него.

Додека се најавува дека Реал ќе се обиде да го донесе Мбапе за 100 милиони евра, медиумите во Франција шпекулираат за неговите замени.

А како прво име се споменува Пако Алкасер. Монако се наоѓа пред невозможна мисија, заминувањето на Мбапе е скоро сигурно, па така и не чуди што тимот на Монако ги разгледува сите опции.

Монако ќе се обиде да го донесе овој фудбалер за сума помеѓу 20 и 30 милиони евра, колку што плати Барселона за тој фудбалер минатата година.

Пако оваа сезона одигра 19 натпревари во Примера. На теренот во просек беше повеќе од 56 минути, а за тоа време постигна 6 голови и 2 асистенции.

Во Монако, наводно, се надеваат дека Пако ќе се согласи да се пресели во Монако под услов да му биде загарантирано место во тимот.