Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„АС“ наведува дека претставници од Реал Мадрид ќе се сретнат со челните лица на Реал Бетис следната недела во обид да договорат трансфер за 20 годишниот играч од средниот ред, Дани Себаљос.
„Кралевите“ ќе понудат на Бетис околу 15 милиони евра со цел да го обезбедат неговиот потпис, а потоа ќе го вратат назад на едногодишна позајмица во истиот клуб.
За потсетување, младиот Себаљос беше избран за МВП на неодамна завршеното Европско првенство за млади играчи кое се одржа во Полска.