Реал испрати понуда, Мурињо им испрати шокантна листа!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Португалецот е свесен дека е тешко да го задржи играчот, но сака најмногу да извлече од оваа понуда…

Реал се реши, го сака Де Геа, а спремни се да го понудат како дел од договорот Џејмс Родригез или Иско.

Се зборува дека Колумбиецот има ветување дека Мурињо ќе го доведе во клубот, но од друга страна, Португалецот има други планови.

Наводно се помири со загубата на голманот, но бара трампа, тој има листа на играчи кои би ги зел од Реал.

Прв е нормално Варан кој Мерегенсите нема да го пуштат, потоа Јунајтед е заинтересиран за Крос или Модриќ, како и за Касемиро.

Овој последниот е важен за Зидан, го оживеа по враќањето од позајмица.

Се споменува на крајот и Бензема, но тоа е малку веројатно, Французинот не оди никаде, а клубот може да го напушти Мората чија вереница веќе бара куќа во Лондон, што сигнализира доаѓање на Шпанецот во Премиер лигата.